Фудбал фудбал

Успешни настапи на македонските фудбалери во Конференциска лига: Победи на клубовите на Чурлинов, Шишковски и Николов

Maкедонските фудбалери во Конференциската лига на УЕФА, Дарко Чурлинов, Дамјан Шишковски и Бобан Николов имаа успешни настапи.

Јагелонија на Чурлинов славеше победа против Петрокуб со 2:0. Стрелец на двата гола за полскиот тим беше Пулулу. Чурлинов на теренот остана до 78. минута од средбата.

Борав Бања Лука на Бобан Николов успеа да слави на гостински терен со 0:1 против АПОЕЛ, а македонскиот фудбалер на теренот беше до 58. минута од средбата. Стрелец на голот за победа беше Стефан Савиќ. Шишковски кој е резервен голман во Борац не доби шанса и остана на клупата.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Целје – Башакшехир 5-1
Гент – Молде 2-1
Хартс – Омониа 2-0
Ларне – Шамрок роверс 1-4
Рапид – Ноа 1-0
Сент Гален – Фиорентина 2-4
Панатинаикос – Челси 1-4

To top