Фудбал

Уште една англиска ѕвезда го напушти репрезентативниот камп

Уште една англиска ѕвезда го напушти репрезентативниот камп

Герејт Саутгејт не можеше да смета на Хари Кејн и Букајо Сака кои пристигнаа да бидат дел од националниот тим, меѓутоа на вчерашниот меч против Бразил, нови повреди заработија уште две ѕвезди.

Кајл Вокер се пожали на болки во задната ложа и ќе биде неизвесен за важните дуели на Манчестер Сити против Арсенал и Реал Мадрид, но покрај Пеп Гвардиола, денеска лоша вест доби и Ерик Тен Хаг.

Хари Мегваер го напушт репрезентативниот камп на Англија поради добиен удар на вчерашниот меч со Бразил, па лекарските тестови ќе утврдат за што станува збор.

Фудбарлерот се враќа во Манчестер и ќе биде прегледан од клупските лекари, по што ќе се знае од каков тип е неговата повреда.

To top