Уругвај со убедливи 5-0 ја совлада Боливија и на коло пред крајот се пласираше во четвртфиналето од Копа Америка, Панама ја совлада селекцијата на САД со 2-1.
Рано, уште во осмата минута Уругвај ја најави победата над Боливија, а резултатот го отвори Пелистри.
Само 13 минути подоцна Дарвин Нуњез постигна гол за зголемено водство на Уругвајците од 2-0.
Голеадата продолжи во 77. минута кога Максимилијано Араухо погоди за 3-0, а четири минути подоцна реализираше и Валверде за 4-0.
Конечните 5-0 ги постави Бентакур во 89. минута од натпреварот