Фудбалската репрезентација на Македонија ќе ја започне новата сезона од Лигата на Нации во септември, а УЕФА веќе ги објави термините на натпреварите и стадионите на кои ќе се игра новото издание.
Нашиот национален тим во Лигата Ц ќе игра со репрезентациите на Ерменија, Фарски Острови и Летонија.
Распоред на Македонија во Лигата на нациите:
7 септември – Фарски Острови – Македонија
(„Торсвалур“, Торшавн, 15:00 часот)
10 септември – Македонија – Ерменија
(„Тодор Проески“, Скопје, 20:45 часот)
10 октомври – Летонија – Македонија
(„Сконто“, Рига, 18:00 часот)
13 октомври – Ерменија – Македонија
(„Републикански стадион“, Ереван, 18:00 часот)
14 ноември – Македонија – Летонија
(„Тодор Проески“, Скопје, 20:45 часот)
17 ноември – Македонија – Фарски Острови
(„Тодор Проески“, Скопје, 15:00 часот)
Од ова издание на Лигата на нациите од секоја група по две селекции се пласираат во четвртфинале со ривали од својата конкуренција.