Прославениот поранешен англиски фудбалер Џои Бартон е уапсен поради инцидент во близина на голф клуб во Мерсисајд.
По инцидентот, еден маж е хоспитализиран со повреди на лицето и ребрата, според британските медиуми.
Непријатните сцени се видени на Денот на жената, 8 март, околу 21 часот во близина на голф клубот „Хајтон и Прескот“. Брзата помош пристигнала на местото на настанот откако бил пријавен физички напад, а потоа пронашле повреден маж кој веднаш бил хоспитализиран.
Полицијата во Мерсисајд потврди дека двајца мажи се уапсени во врска со инцидентот. Извесен 43-годишен маж, за кој се вели дека е Џои Бартон, и 50-годишник. Двајцата се приведени под сомнение за кривично дело „ранување според член 18“, што според британскиот закон се однесува на намерно нанесување тешки телесни повреди.
– Осомничените се во притвор каде што ќе бидат испрашувани од детективи. Истрагата за инцидентот е во тек – соопшти полицијата во официјално соопштение.
На истрагата присуствувале голем број полицајци, а областа била затворена. Истражителите собрале изјави од сведоци и прегледале снимки од надзорните камери и „паметните“ ѕвончиња на вратите во областа.