Фудбал У21

У21: Македонските фудбалери ја совладаа Ерменија во евроквалификациите

До премиерниот триумф во квалификациската група Е избраниците на селекторот Горан Станиќ дојдоа со пресврт во второто полувре со двата гола на Трајков.

У21: Македонските фудбалери ја совладаа Ерменија во евроквалификациите

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство, откако вечерва во Битола триумфираше над Ерменија со 2-1.

До премиерниот триумф во квалификациската група Е избраниците на селекторот Горан Станиќ дојдоа со пресврт во второто полувре со двата гола на Трајков.

Ерменците ја искористија анемичната игра на македонскиот состав во првото полувреме и дојдоа во водство во 38 минута со голот на Хофхасјан.

Во вториот дел, македонската репрезентација тргна офанзивно што доведе до израмнување на резултатот во 54 минута преку Трајков, а истиот фудбалер со својот втор гол вечерва во 83 минута ѝ донесе на македонската репрезентација прва победа по двата воведни порази од Полска (0-3) и Италија (0-1).

Во следното коло македонските фудбалери на 14 октомври ги очекува натпревар против Црна Гора на гостински терен.

To top