Фудбал Лигата на нации

У19: Втора победа за македонските фудбалерки – совладан Азербејџан

Натпреварот се одигра денеска бидејќи лошото време и изобилните врнежи од дожд не дозволија фудбал во Струмица. Во групата во второто коло денеска ќе играат и Словенија – Грузија.

У19: Втора победа за македонските фудбалерки – совладан Азербејџан

Македонската репрезентација за фудбалерки до 19 години ја постигна втората победа во групата 5 / дивизија Б од Лигата на нациите откако денеска го совлада Азербејџан со 3:1. Во првото коло нашиот национален тим ја совлада Грузија со 3:0.

Македонскиот тим дојде до водство во 19.минута со голот на Калина Попески, а на 2:0 зголеми Теона Галабовска во 29.минута од пенал. Противничките намалија во финишот на првиот дел преку Мадина Јуругова (35.минута). Конечните 3:1 беа поставени на почетокот на вториот дел со вториот гол на Галабовска во 49.минута.

Натпреварот се одигра денеска бидејќи лошото време и изобилните врнежи од дожд не дозволија фудбал во Струмица. Во групата во второто коло денеска ќе играат и Словенија – Грузија. Во решавачкиот натпревар за првата позиција во групата младите македонски фудбалерки на 1.декември (понеделник) ќе играат против Словенија.

Пласман во А дивизијата и продолжување на квалификациите за пласман на Европското првенство ќе обезбеди првопласираната репрезентација во групата.  (МИА)

To top