Бешикташ соопшти дека почнале преговори со Мурињо, а тој бил подготвен да почнат соработка, па закажале и втор состанок.
„Пред еден месец разговаравме со Мурињо и следната недела во Италија ќе имаме уште една средба“, кажа потпретседателот на Бешикташ, Хусејин Јусел.
За услугите на Мурињо се заинтересирани и други тимови, па се очекува офанзива по неговиот потпис во следниот период.