По поразот од Борусија Дортмунд, најтрофејниот Баерн Минхен ја губи трката за титулата во Бундес лигата.
Четата на Томас Тухел загуби дома од Борусија Дортмунд со 0:2 и сега разликата во однос на лидерот Баер Леверкузен е 13 поени на седум кола до крајот на шампионатот.Тухел крена бело знаменце и им ја честита историската прва титула на Баер.
„По овој меч можам само да им ја честитам титулата на Баер Леверкузен. Видете колкава е разликата, мислам дека се е јасно“, изјави Тухел за „Скај спортс Германија“.