Данди јунајтед одигра 2-2 против Лутон во пријателски натпревар, Давид Бабунски кој беше капитен на овој меч за својот нов тим, постигна и гол.
Бабунски и Трапановски веднаш се прилагодија на Данди јунајтед, а Давид дотаму импресионираше што на денешниот меч против Лутон ја носеше капитенската лента.
Во 16. минута Македонците имаат еден-два проигрување, Бабунски додаде до Трапановски, овој му ја врати, Давид погоди за водство од 1-0.
Македонските фудбалери играа во првото полувреме, потоа тренерот на Данди направи многу замени и со речиси цел различен тим го продолжи мечот. Конечниот резултат беше 2-2.