Младиот бразилски фудбалер Рикардо Емануел Алкантара Паива е убиен во престрелка во која настрадале уште две момчиња.
Полицијата го пронашла автомобилот за кој се сомнева дека е користен во смртоносниот напад. Автомобилот е даден на понатамошно испитување.
Младиот 22-годишен фудбалер познат како Рикардињо бил перспективен, а во последните неколку месеци закрепнувал од повредата заработена во март.
Рикардињо бил дел од тимот на Ремо, кој се натпреварува во Серија Ц, трета лига по ранг во Бразил.