Тотенхем имаше одличен почеток на сезоната под водство на новиот менаџер Анге Постекоглу, но големиот број повреди придонесоа за неколку неуспешни настапи и губење и на Топ 4 позицијата на лондонскиот клуб.
Постекоглу остана без неколку важни играчи, а од денеска во групата играчи кои не се во комбинација е и Родриго Бентанкур.
Уругваецот скинал лигамент на зглобот на едната нога и првите проценки се дека нема да игра до крајот на февруари.