Фудбал

Тотенхем купи нов голман

Тотенхем купи нов голман

Повредата на Гилјелмо Викарио го натера Тотенхем да ангажира засилување на голманската позиција во актуелниот, јануарски преоден рок.

Нов голман е Антонин Кински од редовите на Славија Прага, а Тотенхем за услугите на чешкиот голман ќе плати 12,5 милиони фунти.

Кински потпишал договор до 2031 година и очекува да добие работна дозвола за да може да биде инволвиран и на својот прв натпревар во новиот клуб.

Викарио е повреден од крајот на ноември, неговата прва замена Брендон Форстер мораше да го пропушти последниот натпревар поради болест, со што менаџерот Анге Постекоглу мораше да му обезбеди деби на 25-годишниот Брендон Остин.

Кински има 21 година, настапува редовно за младинската репрезентација на Чешка, а сезонава има 29 настапи и 14 натпревари без примен гол во дресот на Славија.

To top