Фудбал

Тотенхем ќе го отпушти својот тренер

Тотенхем ќе го отпушти својот тренер

Според медиумите на Островот, Томас Франк во наредните денови ако не и часови, би требало да добие отказ во Тотенхем.

Иако амбициите со него беа големи, се чини дека и со Данецот на клупата работата никако да тргне на подобро.

Тотенхем можеби и нема да брза со отказот, посебно ако се знае дека во тој случај ќе треба да му исплати отштета од фантастични 23 милиони евра, пари кои и за клуб како Тотенхем сепак не се малку.

To top