Фудбал

Тотенхем е подготвен да го продаде Мики Ван де Вен

Тотенхем е подготвен да го продаде Мики Ван де Вен

Управата на Тотенхем е подготвена за продажба на својот играч од одбраната Мики ван де Вен.

Неколку големи клубови покажуваат интерес на 24-годишниот фудбалер. Премиерлигашот од Лондон е подготвен да го продаде својот играч за 120 милиони евра.

На листата на потенцијални клубови за холандскиот репрезентативец се двата тима од Премиер лигата Ливерпул и Манчестер Јунајтед, потоа Реал Мадрид и Баерн.

Играчот важи за еден од најдобрите одбранбени фудбалери сезонава во Премиер лигата, а актуелниот договор со Тотенхем му е до летото 2027 година, а според Трансфермаркт е проценет на 65 милиони евра.

To top