Фудбал

Томас Тухел останува во Баерн и ќе стави потпис на нов договор

Томас Тухел останува во Баерн и ќе стави потпис на нов договор

Откако Баварците добија „корпа“ од Чаби Алонсо, Ралф Рангник и Јулијан Нагелсман, се чини дека сега најголеми шанси има актуелниот тренер, Томас Тухел.

Германските медиуми денеска објавија дека под притисок на голем број на фудбалери меѓу кои и Милер, Кејн и Нојер, спортските директори на клубот Макс Еберл и Кристоф Фројнд го смениле ставот и денес имале средба со агентот на Тухел.

Последните информации се дека двете  страни постигнале договор за продолжување на соработката и  Тухел  сигурно останува  во Баерн  Минхен.

To top