Англиските новинари го прашале Германецот дали планира да ја пее и англиската химна на вообичаеното интонирање пред почетокот на натпреварите, а тој имал подготвен одговор.
– Прво, да кажам дека имате моќна и емотивна химна и не можам да бидам погорд од тоа да ја водам англиската репрезентација.
Тоа навистина ми значи, но сметам дека треба да заслужам да ја пејам заедно со останатите членови на стручниот штаб и фудбалерите. Овој период ќе го искористам за уште подобро да ја запознаам културата и да го заслужам правото од вас и фановите да се вклучам во пеењето, да дојде моментот кога ќе кажете дека заслужувам како вреден англиски менаџер, – рекол Тухел.