Тимо Вернер прифати да се врати во Премиер лигата и Лондон, но овојпат како член на Тотенхем.
Германскиот фудбалер ќе биде засилување за составот на Анге Постекоглу до крајот на сезоната, а заемот е веќе договорен меѓу премиерлигашот и РБ Лајпциг, каде Вернер настапува откако ја напушти Англија.
27-годишниот фудбалер ќе биде освежување во нападот на Тотенхем, клуб кој ја преземал обврската да ги покрива платите на Вернер, а експресно обезбеди замена за капитенот Сон кој месецов ќе настапува на Азискиот куп.