Белгија се опорави по шокот во воведното коло и со 2-0 ја совлада Романија, Јури Тилеманс го постигна третиот најбрз гол на Европските првенства, погоди по само 73 секунди.
Групата Е е најизедначена, сите четири репрезентации имаат по 3 бода откако вечерва Белгија ја совлада Романија со 2-0.
Јури Тилеманс го постигнат третиот најбрз гол на Европските првенства кога по само 73 минути игра со прецизен шут од врвот на шеснаесетникот ја затресе мрежата за 1-0.
Белгија потоа имаше голем број на шанси да ја зголеми предноста, Лукаку повторно немаше среќа откако ВАР му поништи нов гол, но дилемите околу победникот ги реши Де Брајне.
Во 80. минута, една долга топка до голманот беше лошо проценета, Де Брајне се најде во гол шанса и погоди за 2-0 и голема радост на „црвените-ѓаволи“.