Фудбал

Tиквеш со фуриозни 15 минути до прва европска победа против Бреидаблик

Tиквеш со фуриозни 15 минути до прва европска победа против Бреидаблик

Екипата на Тиквеш со голем пресврт во својот дебитантски настап во европските квалификации славеше победа против Бреидаблик со 3:2 откако на полувремето губеше со 0:2.

13. минута беше во тек кога Елинарсон го отвори резултатот. Од својата втора шанса постигна и втор гол преку Кристинсон за 2:0.

Второто полувреме започна тивко без многу прилики, меѓутоа во последните 15 минути видовме фуриозен финиш на Тиквеш кој постигна три гола и така обезбеди одличен резултат во реваншот за седум дена на гостински терен.

Пресвртот започна со голот на Кристијан Стојкоски во 74. минута. Стојанов со најубавиот од сите пет голови што ги видовме денес во 80. минута израмни на 2:2. Ги искористи тие моменти Тиквеш, па во 83. минута постигна и трет гол за 3:2, погоди Бразилецот, Лео Гуера.

To top