Шпанскиот фудбалер и репрезентативец Тијаго Алкантара иако има само 33 години ќе стави крај на кариерата.
На Алкантара му заврши договорот со Ливерпул и самиот донел одлука да не продолжи со играњето фудбал.
Најголема причина поради која Алкантара го остава фудбалот се проблемите со повредите.
Кариерата Алкантара ја започна во Барселона од каде што се пресел иво Баерн Минхен во 2013 година за да ја заврши кариерата во Ливерпул.
Со Баерн дури седум пати беше шампион на Германија и еднаш шампион на Европа. Европска титула Алкантара освои и со Барселона, додека со Ливерпул освои Лига Куп од 2022 година.
За репрезентацијата на Шпанија одирра 46 натпревари.