Белгискиот голман Тибо Куртоа ќе го пропушти претстојното Европско првенство во Германија поради повреда на лигаментите на коленото. Куртоа ја пропушти целата сезона и му требаше уште една операција во март кога се појавија проблеми во неговото закрепнување.
Тој би можел да се врати на терените во тимот на Реал Мадрид пред крајот на сезоната, но селекторот на Белгија, Доменико Тедеско го отпиша од тимот, објави Би-би-си.
Куртоа, кој досега одигра 102 натпревари за Белгија, во декември изјави дека нема целосно да се опорави за да игра во натпреварувањето во Германија.
„На оваа тема веќе се е кажано. Се концентрираме на играчи кои се во добра форма – изјави Тедеско за германските медиуми.