Фудбал еуро 2024 во германија

ТЕЖИ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА: Англија е најскапата репрезентација на ЕП, еве кои се најскапите играчи

Според порталот Трансфермаркт, играчите на Гордиот Албион вредат 1,52 милијарди евра.

ТЕЖИ НАД МИЛИЈАРДА ЕВРА: Англија е најскапата репрезентација на ЕП, еве кои се најскапите играчи

Фудбалската репрезентација на Англија е најскапа од сите учесници на Европското првенство во 2024 година.

Според порталот Трансфермаркт, играчите на Гордиот Албион вредат 1,52 милијарди евра.

Французите (1,23) и Португалците (1,05) се потешки од една милијарда евра. Четврта е Шпанија (965 милиони), а петтото место го држат Германците (851). Италија беше проценета на 705 милиони евра, а Албанија на 111 милиони евра.

На последното место е Романија која вреди 92 милиони евра.

Од сите пријавени играчи, најскапи се францускиот напаѓач Килијан Мбапе и англискиот играч за врска Џуд Белингем. Од следната сезона соиграчите во Реал Мадрид се проценуваат на 180 милиони евра.

Играчот за врска на англиската репрезентација Фил Фоден се проценува на 150 милиони евра. Зад него е неговиот колега од репрезентацијата Букајо Сака (140) и германскиот играч за врска Флоријан Вирц (130).

ВРЕДНОСТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИИ

1.52 милијарди евра – Англија
1.23 милијарди евра – Франција
1.05 милијарди евра – Португалија
965 милиони евра – Шпанија
851 милиони евра- Германија
845 милиони евра- Холандија
705 милиони евра – Италија
584 милиони евра – Белгија
415 милиони евра – Данска
379 милиони евра – Украина
327 милиони евра – Хрватска…

ВРЕДНОСТ НА ИГРАЧИ

180 милиони евра – Jude Bellingham (Англија), Kylian Mbappé (Франција)
150 милиони евра – Phil Foden (Англија)
140 милиони евра – Bukayo Saka (Англија)
130 милиони евра – Florian Wirtz (Германија)
120 милиони евра – Declan Rice (Англија)
120 милиони евра – Jamal Musiala (Германија), Rodri (Шпанија)
100 милиони евра – Eduardo Camavinga (Франција), Harry Kane (Англија), Aurelien Tchouaméni (Франција)…

To top