Италијанскиот фудбалер Џанлука Скамакa ги скина вкрстените лигаменти на коленото, пренесуваат медиумите од Италија.
Скамака беше одличен минатата сезона и беше еден од клучните играчи за историската сезона на Аталанта во која го освои трофејот во Лига Европа, па така ова е тежок удар за тимот на Гасперини.
Се очекува тој да отсуствува од терените меѓу шест и седум месеци.