Тренерот на фудбалскиот клуб Борусија Дортмунд, Един Терзиќ знае дека неговиот не е во улога на фаворит, но не губи надеж дека може да стигне до трофејот.
„Знам дека играме против најтрофејниот клуб во ова натпреварување. Сезонава имаме само два порази во ЛШ и подготвени сме да одиграме на највисоко ниво. Кога побендикот се решава во еден победник, се е можно. Тие се во улога на фаворит, но ние не бевме фаворити ниту во двомечите со Атлетико Мадрид и Пари Сен Жермен“, вели предводникот на Борусија Дортмунд.