Националната арена во Скопје доби нов терен, но тој не е по мерка на Англичаните кои сметаат дека е опасен за игра и може да донесе повреди.
Минатиот месец Македонија беше во центарот на вниманието поради очајниот терен во Скопје, Италијанците негодуваа на мизерните услови на кои се играше мечот.
Во меѓувреме беше поставена нова, современа подлога, но „Телеграф“ пишува дека таа не е по мерка на Англичаните и нивните клубови стравуваат од повреди.
Тие кои стапнаа синоќа на теренот на Националната арена во Скопје, го опишале теренот како „камен тврд“, а двете репрезентации добиле инструкции каде треба да се загреваат пред натпреварот со цел да се заштити новиот терен.
Иако се работи за сосема друг терен, во англиските медиуми повторно се потенцира ужасната подлога од мечот со Италија.
„Телеграф“ дури го спомена и моментот кога Тотнем играше на нашиот стадион, а Англичаните открија дека едниот гол е со помали димензии, па требаше да се менува.