Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг истакна дека клубот нема намера да го продаде Ентони Марсијал во јануарскиот преоден рок. Договорот на Французинот истекува на крајот на сезоната, и се појавија шпекулации дека Јунајтед ќе го продаде на зима за да заработи нешто на него, но тренерот демантираше.
Моментално Марсијал е повреден, и не е во комбинација за настап. Од доаѓањето на „Олд Трафорд“ никако не успева да се пронајде себе си, и да му помага на тимот.
„Не знам од каде тие информации дека Марсијал сигурно ќе биде продаден. Кога ќе има вести, секако ќе известиме, но немаме намера да го продадеме“, рече Тен Хаг.
Марсијал една полусезона мина како позајмен во Севилја, но и таму немаше импресивни бројки, па се врати во Манчестер.