Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг застана во одбрана на Маркус Рашфорд, кој има прилично разочарувачка сезона.
Холанѓанецот зборуваше во пресрет на утрешниот меч на „црвените ѓаволи“ против Барнли. Тој откри дека Мејсон Маунт се вратил и ќе му стои на располагање.
-Минатата сезона Рашфорд беше брилијантен. Мислам дека тоа беше најдобрата сезона во неговата кариера, постигнувајќи 30 гола. Оваа сезона не настапува на ист начин и луѓето го критикуваат. Мораме да го поддржиме за да се врати на нивото од минатата сезона. Му треба поддршка. Сите знаеме на што е способен, прокоментира Тен Хаг.
Стручњакот изјави дека Маунт е подготвен за средбата со Барнли и ја објасни состојбата на Лук Шо, Лисандро Мартинез и Ентони Марсијал: „Мислам дека ќе ги видиме на теренот до крајот на сезоната. Тие продолжија со тренинзите. Следниот чекор е да започнат да учествуваат во тимските активности. Тие напредуваат добро и би можеле да бидат на линија за последните недели“.
Додаде дека имале доста разочарувања оваа сезона и дека кога играчите не се достапни, не се во можнсот да настапуваат и да ги постигнат резултатите кон кои целат.
-Можеме да бидеме подобри и мислам дека навивачите го разбираат тоа. Имаме помал успех од минатата сезона, но се уште сме во финалето и ова е позиција во која сакаме да бидеме – да освојуваме трофеи, изјави Тен Хаг.