Кошарка

Тејтум: Не сум супермен

Тејтум: Не сум супермен

Кошаркарот на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, се врати на терените по повредата на Ахиловата тетива. Но тој не се чувствува како во најдобрите денови.

Околу 10 месеци откако му се скина Ахиловата тетива, Тејтум по поразот од Минесота призна дека враќањето на старата форма е тешко, пренесува „Бостон Глоуб“.

„Тешко е во моментов. Само сакаш повторно да се осеќаш свој. Јас не сум Супермен, па очигледно, ова ќе потрае некое време. Можеби треба да сум поблагодарен за некои работи, но во моментов, многу е фрустрирачки .“

Тејтум забележа 16 поени и 11 скока, но немаше ниту еден поен во првото полувреме. Откако се врати на 6 март, тој има просек од 19,1 поен.

Тој рече дека не се работи за пад, туку за реаклиматизација.

„Не би рекол дека е нормален пад, само помина долго време. Се обидувам да ја отстранам ‘рѓата од натпревар по натпревар.“ – изјави Тејтум

Сепак, „Селтикси“ имаат скор од 6-2 во натпреварите што тој ги одигра и остануваат близу врвот на табелата во Источната конференција.

To top