Таткото на Луис Дијаз е конечно на слобода, јавуваат многу светски медиуми. Фудбалерот на Ливерпул се најде во огромни проблеми откако киднапери од таканаречената „Национална ослободителна војска на Колумбија“, го зедоа како заложник и го држеа кај себе скоро две недели.
И мајката на Диаз беше киднапирана, но полицијата успеа да ја спаси по само неколку часа, поставувајќи големи блокади на сите улици и патишта.
Киднаперите возеле мотори и биле вооружени со автоматски пушки, а настанот се случи на 28 октомври на една бензинска станица во близина на пограничниот град Баранкас.
Драмата со ослободувањето на таткото траеше подолго, но сепак, на крајот доби среќен епилог и тој безбедно се врати кај своето семејство. Диаз беше во Колумбија и ги молеше киднаперите да ги ослободат неговиот родител, по што мораше да се врати во Англија и настапи на мечот со Лутон, каде постигна и гол со кој Ливерпул освои бод.