Фудбал

Тадиќ: Ми беше тешко да прифатам дека не сум стартер, јас сум најдобриот во тимот

Тадиќ: Ми беше тешко да прифатам дека не сум стартер, јас сум најдобриот во тимот

Фудбалерот на Фенербахче Душан Тадиќ изјави дека се смета себеси за најдобар играч во ростерот и лидер на тимот.

„Имам добра комуникација со селекторот и ми беше тешко да прифатам дека не бев на теренот од почетокот на натпреварот. Јас сум лидер, без лажна скромност, најдобриот играч на оваа репрезентација.

Ако селекторот смета дека Душан Тадиќ треба да одигра триесет минути, тоа ќе го почитувам“, рече српскиот капитен.

Селекцијата на Драган Стојковиќ е една од двете без постигнат гол во досегашните натпревари од групната фаза на Европското првенство.

To top