Судискиот комитет се огласи по контроверзната одлука да се поништи голот на Роберт Левандовски против Реал Сосиедад, уверува дека одлуката е исправна и објасни дека судиите во ВАР собата користеле додатни 10 камери кои не се наменети за преносите во живо.
Реал Сосисиедад вчера ја совлада Барселона со 1-0 во последниот натпревар од 13. коло во Ла Лига, но средбата помина во сенка на контроверзна одлука да се поништо голот на Роберт Левандовски за водство на „каталонците“ од 0-1.
Од снимките наменети за преносот во живо се добива впечаток дека Полјакот беше во регуларна позиција, односно дека неговото стапало е зад стапалото на Најеф Агерд.
Уште поголема забуна настана кога беше објавена 3Д симулацијата од ВАР системот, многумина сметаат дека технологијата го помешала телото на Левандовски со позицијата на телото на Агерд.
Сепак, Судискиот комитет уверува дека одлуката е исправна и Роберт Левандовски навистина бил во милиметарски офсајд.
Тие oбјаснуваат дека снимките била убаво разгледана со додатни 10 камери, кои не се наменети за преносите за живот, и била потврдена недозволената состојба на Роберт Левандовски.
Во соопштението исто така се наведува дека системот „лови“ дури 29 точки од телото на фудбалерите и тоа до 50 пати во секунда, со цел да се пресмета точната позиција на теренот.
🚨💥 ¡𝗧𝗘𝗥𝗥𝗜𝗕𝗟𝗘 𝗘𝗥𝗥𝗢𝗥 𝗱𝗲𝗹 𝗦𝗔𝗢𝗧 𝗲𝗻 𝗲𝗹 𝗥𝗲𝗮𝗹 𝗦𝗼𝗰𝗶𝗲𝗱𝗮𝗱 – 𝗕𝗮𝗿𝗰𝗲𝗹𝗼𝗻𝗮!
▪️ El fuera de juego semiautomático 𝗛𝗔 𝗖𝗢𝗡𝗙𝗨𝗡𝗗𝗜𝗗𝗢 a defensa y atacante.
❌ ¡El VAR ha representado la bota de Nayef como si fuese la de Lewandowski! pic.twitter.com/4HpGKqnp89
— Archivo VAR (@ArchivoVAR) November 10, 2024