Фудбалски судија вчера бил нападнат на натпревар кој го судел во Тетово.
Од тетовската полицијат информираат дека судијата М.М (38) од Скопје случајот го пријавил вчера околу 19 часот.
-Пријавил дека околу 17.00 часот на стадион во Тетово, за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К.,,Тетекс“ од Тетово и Ф.К.,,Влазрими“ од Кичево, на кој бил судија, при прекин на играта бил физички нападнат од физиотерапевтот Ј.С. и голманот В.Н., двајцата од гостинската екипа, информира СВР Тетово.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.