Фудбал

Струга ТЛ елиминирана со гол во 96-та минута

Струга ТЛ елиминирана со гол во 96-та минута

Стружани во Ерменија отпатуваа со предност од 2:1, до 96.минута имаа продолженија, но ги шокира голот на Коваленко со кој Пјуник славеше 3:1.

Пјуник ја анулираше предноста на македонскиот првак од првиот дуел во Охрид уште по првото полувреме. Ерменскиот тим поведе со 1-0 со голот на Серж Дебле во 17.минута, а Михаил Коваленко во 45.минута ја удвои предноста на домаќинот.

Стружани во натпреварот ги врати Ибраими, но во 96-та минута примија гол за елиминација.

To top