Актуелниот македонски фудбалски шампион, екипата на Струга денеска со почеток од 18 часот го игра реванш мечот од второто квалификациско коло против Пјуник каде македонскиот претставник славеше со 2-1 на првата средба.
Победникот од дуелот меѓу Пјуник и Струга во следното квалификациско коло ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Диферданж и Ордабаси.