Фудбал Прва македонска фудбалска лига

Струга лидер на табелата, Вардар заглави со Башкими

Екипата на Струга го совлада Пелистер со 2:0 и се искачи на првото место во Првата македонска фудбалска лига. Херој на тимот беше резервистот Христијан Малески, кој постигна два гола во финишот на натпреварот.

Со оваа победа, Струга има 22 бода, два повеќе од Вардар и Шкендија кои делат втора позиција со по 20 бодови.

Во вториот денешен натпревар од 8. коло, Башкими и Вардар ремизираа без голови (0:0), со што беше комплетирана рундата.

Во претходно одиграните мечеви викендов беа постигнати следниве резултати: Работнички – Брера 3:4, Шкендија – Силекс 2:0, Арсими – Шкупи 4:2 и Тиквеш – Македонија ЃП 2:1.

Поврзани теми

To top