Фудбал

Страхиња Павловиќ ќе потпише за Милан

Страхиња Павловиќ ќе потпише за Милан

Според информациите од Италија фудбалскиот клуб Милан ќе го доведе 23-годишниот член на Ред Бул Салцбург и српски репрезентативец Страхиња Павловиќ.

Милан за него ќе плати 18 милиони евра. Павловиќ ќе потпише повеќегодишен договор со „црвено-црните“ од Милано.

Павловиќ е дете на белградски Партизан, а во досегашната кариера има настапувано уште за Монако, Серкл Бриж и Базел.

To top