Фудбалската федерација на Србија (ФСС) го продолжи денеска договорот со селекторот Драган Стојковиќ до 2026 година, јави агенцијата Бета.
„Продолжувањето на соработката со селекторот Стојковиќ е во согласност со желбите и амбициите на ФСС нашата А-репрезентација да продолжи да бележи успеси и во наредниот период, што се однесува и за претстојното Европско првенство во Германија. Одлуката ќе да биде официјално усвоена на седницата на Извршниот комитет в понеделник на 27 мај, веднаш по седницата на Собранието на ФСС во Стара Пазова“, се наведува во соопштението на ФСС.
Стојковиќ ја предводеше Србија на Светското првенство во Катар во 2022 година, а обезбеди пласман и на Европското првенство во Германија кое ќе се одржи ова летово. Воедно, Стојковиќ ѝ донесе пласман на Србија и во елитната А дивизија во Лигата на нации.
„Зачувувањето на континуитетот во раководењето на националниот тим е еден од клучните фактори за постигнување на посакуваниот резултат“, се посочува во соопштението на ФСС.
Претстојното Европско првенство во Германија ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули, а Србија ќе игра во групата Ц со Словенија, Данска и Англија.