За нов предводник на националниот тим на Јамајка е ангажиран англискиот стратег Стив Мекларен каде во следните две години ќе ја предводи оваа репрезентација.
„Без двоумење ја прифатив позиција која е совршена за мене во оваа фаза од кариерата“ – истакна 63-годишниот Англичанец по промоцијата на новата функција каде ќе има задача да ја одведе Јамајка на СП 2026.
Мекларен доаѓа на местото на Хајмир Халгримсон, кој, пак, ја презеде селекцијата на Република Ирска.