Црногорскиот фудбалер Стефан Савиќ пред вечерашниот натпревар во осминафиналето на Лигата на шампионите, ја доживеа најголемата радост. Тој стана татко на девојче.
Савиќ на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави низа честитки кои ги добил по повод раѓањето на детето, кое го доби со неговата вереница Николија Пешиќ.
За бебето го избраа името МАЊА.
Името Мања е необично, но многу интересно. Најчесто се поврзува со руската област и се смета дека потекнува од Русија. Но, постои и мислење дека ова име е всушност од српско потекло и дека потекнува од зборот „мала“.
Според постарите толкувања, името потекнува од хебрејскиот „мир“ = „горчлив“ и „јам“ = „море“, па значењето би било „горчина на морето“. Според последните толкувања, се претпоставува дека името го добива своето значење од египетското „mry“ што значи „моја сакана“.
Стефан Савиќ е играч на Атлетико од Мадрид и заменик капитен на црногорската репрезентација.