Ламин Јамал е главната тема по пласманот на Шпанија во финалето на Европското првенство, 16-годишниот фудбалер постигна спектакуларен гол против Франција и ја доби наградата за најдобар фудбалер на мечот.
Српската јавност во голот на Јамал виде можност да удри по селекторот Драган Стојковиќ – Пикси кој е мета на критики по дебаклот на Европското првенство.
Тие потсетија на ситуацијата со фудбалерот на Баерн Минхен, Александар Павловиќ кој подоцна одлучи да настапува за Германија.
Можеби ќе беше поинаку доколку добиеше повик од Пикси, но тогаш селекторот рече дека Павловиќ е премлад и нема намера од „болница“ да носи фудбалери да играат за Србија.
@srpskinsajder 👀 #fyp #viral ♬ original sound – srpski_insajder
Кога Пикси рече за Павловиќ дека е премлад, тој имаше 18 години, две повеќе од Ламин Јамал. Некои пишуваат дека Јамал треба да биде среќен што не е Србин бидејќи ако бил немало да добие шанса.