Шампионот Струга го промовираше денеска во свое ново засилување за следната сезона поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Стефан Спировски.
Како што е соопштено, Спировски стави потпис на двегодишен договор со Струга која овој месец ја очекува настапот во Лигата на шампиони и пресметката против Слован Братислава во првото квалификациско коло.
Спировски (33) доаѓа во редовите на Струга од кипарски Етникос Ахна, а претходно во кариерата настапуваше и за Вардар, Пелистер, како и екипи од Србија, Бугарија, Унгарија, Ерменија, Израел и Ерменија.
За македонската репрезентација Спировски одигра 55 натпревари. (МИА)