Фудбал Кориере дело спорт

Спалети воведе строги правила за Италија за време на Евро 2024

Италијанците на ЕП 2024 ќе играат во групата Б со Шпанија, Хрватска и Албанија. 

Спалети воведе строги правила за Италија за време на Евро 2024

Селекторот на италијанската репрезентација, Лучано Спалети, воведе голем број строги правила за своите играчи кои ќе важат за време на Европското првенство, пишува „Кориере дело спорт“.

Спалети воведе ограничување за користење на мобилни телефони: тие можат да се користат само пред ручек и вечера, но никогаш на маса за масажа или за време на тимските состаноци. Употребата на слушалки е целосно забранета во тимот. Играњето на PlayStation е дозволено, но само во собата за игри и најдоцна до полноќ. Смеата и шегите во тимот треба да бидат одмерени и да не влијаат на концентрацијата на тимот.

Италијанците на ЕП 2024 ќе играат во групата Б со Шпанија, Хрватска и Албанија.  (МИА)

To top