Италија со голот на Матиa Закањи успеаја да дојдат до бодот потребен за осминафиналето, а по средбата селекторот на „аѕурите“ Лучијано Спалети ги сумираше впечатоците.
„Давам сè за оваа земја, ги сакам луѓето на мојата земја. Не би можел да бидам новинар. Не знам да пишувам текстови, но не сум завидлив и никогаш не би извршил дополнителен притисок врз грбот на луѓето кои веќе имаат голем притисок. Чувствувам „отров“ од сите страни и тој отров дури ме храни за да можам да реагирам на ова ниво.
Не грижете се за мене. Избрав тим за овој натпревар да бидеме добри од почеток до крај. Прекрасно е да се почувствува љубов од сите луѓе, од луѓето од федерацијата, од навивачите… Тие луѓе потрошија многу пари за да бидат тука“, рече Спалети.