Данска ја реши Грција уште во првото полувреме, славејќи со 3-1. Расмус Хојлунд отвори резултат во 21. минута, а потоа погодоците ги постигнаа Андерсен и Дамсгард.
Грците успеаја да постигнат само почесен гол преку Христос Цолис во второто полувреме.
Полска запиша гостинска победа над Литванија со 0-2. Шимански го отвори резултатот уште во 15. минута, а Роберт Левандовски ја потврди победата со погодок во 64. минута.
Хрватска очекувано го победи Гибралтар со 3-0. Деби голот на Фрук донесе предност, а иако Ловро Мајер промаши пенал, Сучиќ и Ерлиќ се погрижија за убедлив триумф на „коцкестите“.