Шпанскиот весник Марка реши да ги избере најлошите 11 фудбалери кои настапија на ова Европско првенство, земајќи ги како параметри нивните лоши изданија, но и разочарувачките резултати на нивните селекции.
Италија и Србија имаат по двајца претставници во најразочаррувачката постава на континенталниот собир, но севкупно гледано, тимот е составен од големи и звучни ѕвезди од кои навистина се очекуваше повеќе во Германија.Ди Лоренцо и Манчини се италијанските претставници во тимот, Милинковиќ Савиќ и Влаховиќ се двајцата играчи од Србија, а останатите седум се од различни репрезентации.
Најлош голман според „Марка“ е Хрватот Ливаковиќ, покрај Ди Лоренцо и Манчини, друштво во одбраната му прават Зинченко и Кристенсен, додека МекГин и Собослаи се придружници на Милинковиќ Савиќ во најлошиот среден ред.
Покрај Влаховиќ, најниски оценки од шпанскиот весник добија и Кристијано Роналдо и Ромелу Лукаку.