Фудбал

Сопственикот на Нотингем вербално ги нападнал судиите по мечот со Ливерпул

Сопственикот на Нотингем вербално ги нападнал судиите по мечот со Ливерпул

Лидерот во англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција Ливерпул како гости во 27. коло го совлада Нотингем форест (0:1) со гол во судиското продолжение, 99 минута што го постигна Дарвин Нуњез.

Ваквиот пораз не му се допаднал на претседателот на домаќините, Гркот Евангелос Маринакис кој вината за исходот ја побарал кај судиите.

По означениот крај на натпреварот газдата Маринакис вербално ги нападнал судиите. Третото полувреме се одиграло во тунелот на стадионот „Сити граунд“. Маринакис беше гневен на главниот судија Пол Тирни, кој иако покажа осум минути продолжение, го продолжи мечот дополнителна една минута и токму во неа Нуњес го постигна голот за победа.

Англиските медиуми пишуваат дека Маринакис ги пцуел судиите и ги нарекувал со различни погрдни имиња.

To top