Фудбал

Солскјер му се враќа на фудбалот

Солскјер му се враќа на фудбалот

Оле Гунар Солскјер веќе долго време прави пауза кога се работи за тренерските ангажмани или поточно тој е без работа од 2021 година кога ја заврши соработката со премиерлигашот Манчестер Јунајтед.

Неговото име беше поврзано со повеќе клубови, последниот беше турскиот прволигаш Бешикташ кој на крајот се реши за друго решение во името на Фернандо Сантош.

Меѓутоа Оле набрзо може да добие работи и тоа како селектор на Шведска. Швеѓаните се во потрага по човек кој ќе го наследи Јане Андерсон кој си замина откако не ја одведе селекцијата на Европското првенство.

To top