Фудбал

Со Тотенхем доживеа дебакл, па веднаш заминал за Хрватска поради семејна трагедија

Со Тотенхем доживеа дебакл, па веднаш заминал за Хрватска поради семејна трагедија

Лондонски Тотенхем продолжи да тоне во резултатска криза, откако денеска на домашен терен претрпе тежок пораз од 0-3 од Нотингем форест, а мечот беше само вовед во уште полоши вести за тренерот Игор Тудор.

По натпреварот Тудор не се појави на вообичаената прес-конференција, каде што наместо него пред медиумите излезе неговиот асистент Бруно Салтор. Според информациите од англиските медиуми, причината за отсуството е семејна трагедија и смрт на близок член од неговото најтесно семејство.

Се наведува дека Тудор веднаш по натпреварот отпатувал за Хрватска, а засега нема дополнителни детали за што точно станува збор. Во исто време, на Островот се шпекулира дека неговата позиција на клупата на Tотенхем е сериозно разнишана и дека би можел наскоро да добие отказ.

To top