Фудбалската репрезентација на Израел пристигна во Приштина, каде што ќе го одигра заостанатиот квалификациски натпревар за ЕП 2024 против домаќинот Косово.
Израелските фудбалери и останатите членови на делегацијата се чувани од силни полициски сили, а еден ксоовски навивач е приведен поради објава против
Израел на социјалните мрежи. Причина за ова е стравот од терористички напад поради војната која Израелците во моментов ја водат против Палестинците во Појасот Газа.
„Се очекуваат околу 300 полицајци и припадници на специјалните единици. Снајперисти ќе бидат поставени на покривите на куќите во близина на стадионот. Патроли, полицајци со кучиња, тие се насекаде околу хотелот 24 часа на ден и секој гостин поминува низ високо обезбедување мерки“, наведува израелските медиуми.